арапски (прид.) - свет (имн.)

Вечерта ги сретнав старите пријатели, познатите дипломати на земјата, дипломатот и писателот Рашид Дрис, дипломатот Таиб Слим (брат на некогашниот генерален секретар на ООН Монги Слим) на кои и покрај залезните години, како некогаш Хабиб Бургиба, така и неговиот наследник Бен Али, им доверуваше деликатни дипломатски мисии од интерес за земјата, но и пошироко во арапскиот свет, во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да учам многу, од книги по право и економија, но и од искусни дипломати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така во вечната Картагина, во сенките на урнатините на старите цивилизации и палминото лисје се судираа концепциите на владеењето на две личности на патот кон вечната историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби со носталгија ќе се разделам од моите сознајби и искуство од Блискиот Исток и арапскиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред десетина дена во резиденцијата ни беше на дипломатска вечера гостин амбасадорот на САД во Тунис и при Палестинската централа Робер Пелетро, кој се сметаше за еден од великаните на американската дипломатија во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Идеалот на обата големи лидера на арапскиот свет Бургиба и Арафат беше да дојаваат на бел коњ во ослободената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше една од повеќето тајни средби со него во која не ми беше откриена тајната која за некој ден ќе ја открие целиот свет...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)