архив (прид.) - документ (имн.)

Продолжуваше мојата мисија во следењето на палестинската судбина, некогаш како дипломат, како амбасадор на државата која веќе не постои во државата која толку силно сакаше да постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Моите амбасади без конкретна историска локација во времето продолжуваа на еден друг начин да постојат во мојот живот, како негов дел, во продолжение на моите денови од животот, во времето кога беше исчезнато нивното некогашно официјално значење, запрено само во заборавените архивски документи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)