астрален (прид.) - страст (имн.)

2. Астрална страст Подзастани: ни сѐ е дадено ни сѐ видено на небото подготви се за изненади: бројот на планетите не е траен веќе не Уран, Плутон, Нептун но некој друг ќе искрсне на повидок, ќе ги подразмести празнините ќе го осмисли растојанието со име, точка рој, магла, материја во сенката на подвижните седат мадро неподвижните ѓаволски бесни Канис, Антарес Алгол, Лилит, Змејот ........................................
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)