бавен (прид.) - и (сврз.)

Јас, се разбира, како божем не забележувам, си ѕенѕав на музиката во бавен и брановиден ритам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тремот бавен и тежок шум на шајакни влечки. Не е циганката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и оној бавен и расплинат ритам на дишењето во неговото спружено наплешти и отпуштено тело, носеше само едно споро, речиси неосетно надигнување на градите и едно сосема незабележливо тонење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа, секако, некаков бавен полуслеп коњ, влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу укит на обрастеното лице.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа секако, некаков бавен полуслеп коњ влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу иње на обрастеното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога запреа на самиот истек на реката од Езерото, во просторот каде што се мешаа бавните и брзите води, каде што се забрзуваше минливоста, на Исток небото веќе беше заруменето и окото на сонцето се одразуваше во сините води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Прекина за час дробејќи ја цигарата во грлото на своето луле; беше бавен и со полно отсуство на духот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)