бакарен (прид.) - сад (имн.)

Таа, пак, ги кубеше, ги опрлуваше на огинот во пампурот, потем ги печеше на жарот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стариот на Марко беше ти бил дојден, пред години, од Кратово, а во овој град имаше мајдан од бакар, та бакарните садови што се изработуваа таму, според личотијата ги надминуваа и оние од Босна, па и и оние од Кастамонија, во Мала Азија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нашето внимание го привлекуваше кружен бакарен сад со цевки што поаѓаа од неговиот горен дел, па потоа веднаш свиваа надолу.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се сети дека Мајка често служеше чај, подготвуван со еден голем и мал ибрик, се со врелата вода од големиот ибрик се попарувал чајот од малиот ибрик и потоа одозгора се истурала количина врела вода, чајот се служел со посебни чашки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ги гледаше Висар на широкиот пат крај езерото испоседнати Ѓупците со разни бакарни садови што ги поправаа, калаисуваа и продаваа, ги гледаше како одат по куќите и бараат нешто за јадење, тропаат по вратите, а луѓето им викаа: „Сиктер, никогаш вас човек не може да ве нахрани; и кога Ѓуптинот го поставиле за цар, тој прашал: А што ќе правам за леб...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа, отако ќе ги потопеше со водата што вриеше на пампурот во бакарен сад, и ги предаваше на домаќинката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)