балкански (прид.) - дел (имн.)

Иако предците му се од Ашкенази од Германија, Елеазар бен Цви е рабин во сефардската синагога Ел кал де лос Монастирлис1 во Њујорк, којашто некаде на почетоците од минатиот, 20 век ја создале имигранти пристигнати на новиот континент од градот Монастир или Битола во балканскиот дел на отоманска Турција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овој балкански дел, разликите од животот не мо­жеа да замрат дури и со самото исчезнување на луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)