банален (прид.) - прашање (имн.)

Најчесто по баналните прашања што толку минуциозно ми ги упатуваше, како оние на пример за редовноста на поштите, таа во следното писмо ќе ме изненадеше со фундаментално прашање поврзано со моето пишување, на кое никогаш не сум помислувал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во првите неколку саати луѓето се запознаваа меѓу себе па почнаа со оние банални прашања кој си, од каде си, каде одиш?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)