баш (прид.) - да (сврз.)

Од под буквите во книгите ѕиркаат нашите мртви и се смеат новородените. Дишат вода, пијат воздух.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Па, во интерес на еден помалку на токсикологија, а и поради фактот дека ни ти не можеш баш да се пофалиш со интелигенција, па лесно еволуираш од глупава во поглупава... и најглупава, го удостојуваш со еден час, ама само кафе и толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Поп Данаил Москополчанин не може баш да се сети дали кога првпат беше во Венеција беше измислен фудбалот на мали голчиња и на што мислеа Венецијанските трговци кога претскажуваа светска економска криза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)