бебешки (прид.) - количка (имн.)

Сѐ си имавме веќе готово - само горниот дел од бебешката количка да го симневме, да го размонтиравме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пробај со точак, или не дај боже со бебешка количка, да извозиш од Соборна до Трговски.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Гледаш, бебешка количка: моја, братче, мене ме возеле во неа и сум врескал - раскажува мама - не сум сакал да лежам...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш, материјал колку да посакаш; летви, летвички, штици и штички.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја земавме бебешката количка, ја ничкосавме со тркалата нагоре, со чекан и со клешти едно по едно ги откорнавме четирите тркала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш, братче, овој рафт со тегли и шишиња мама го средува, а за сè друго да е суредено се грижи тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Се сомневаш? Еве, ќе видиш - уште малку и готово.“ Тврдоглаво го убедував. „Уште тркалата да ги прицврстиме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кој знае дали ќе го направиме!?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)