безграничен (прид.) - простор (имн.)

Јас знам дека секогаш кога имам потреба од душевен мир и спокојство погледнувам кон небото, зошто само таму во тој безграничен простор, каде границите се вишок сетилата ми се слободни, живот без грев, ин оптима форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За многу работи во животот не можеме да се разбереме, секогаш има вина и виновник, но никогаш не може да биде погрешно ако ја кажеме вистината, ќе излезе од нас и не мора да се враќаме назад, на крајот човекот е светлина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова е за романтичарите кои одамна изумреа, а нивните потомци се лоши глумци.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се што сака е да лета, да лета над се и секого, небесниот безграничен простор е создаден само за него, за тој живот кој беше повеќе од тоа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во себе си се насмевнуваше при помислата дека можеби пречесто виртуелниот безграничен простор на екранот пред него лизгајќи се ќе го прекриваат зборовите од пораката на Летка што таа му ја внесе во компјутерот кога прв пат го посети во Скопје: „Dearist Edo! Letka is calling you through the machiiiineeeeeeee…!I Love you and I miss you badly and bedly!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Обдукциската информација е естетска информација и затоа што во техниките на високата технологија воспоставува специфичен статус на телото, коешто е тело од другата страна на разликата, тело на дистанцата, последната територија на чистото овде и сега во кое можеме да засечеме со Маргина 37 15 помош на високата технологија, без страв дека ќе го повредиме; можеме да го изложиме на постојана деконструкција а тоа да не го правиме мануелно или одблиску, можеме да го фрлиме во безграничниот простор на Интернет, во мрежата на распрскани флуидни идентитети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)