безначаен (прид.) - работа (имн.)

Велеше, како и онаа вечер кога го загубивме, дека светот му изгледа страшно стар, и дека бојата на предметите и мирисите, како што минуваат годините – слабеат; дека има потреба да се врати назад, барем во детството; го гледав и забележував дека и двајцата тонеме постепено во некакво неодредено опуштање, дека разговараме за суштински нешта, иако изгледаше дека говориме безначајни работи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури и почна да се караш со мене за некои безначајни работи. Но, тие работи ми пречеа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)