безуспешен (прид.) - обид (имн.)

Сите овие години во циркусот се обидував да направам копија, да се сетам на сите стихови од песните, но тоа беа безуспешни обиди; постојано, всушност јас пишував нешто ново, нешто додавав, некаде пак одземав, оти не можев да се сетам на сите тие нешта; и конечно, се откажав од таа целосно бесполезна и луда работа: создавање копии сосема верни на оригиналот).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Силно „граак“ на острогледната гуска ги растера неколкуте ситни сиви патки во безуспешниот обид да ѝ се придружат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На 3 јуни повторно бил направен безуспешен обид да се премине реката Вардар и да се воспостави контакт со втора бригада за која се знаело дека се наоѓа во таа област.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа се одлучи да се спушти и да ме следи, во безуспешен обид да ме премисли.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Меѓутоа, бидејќи претходно имало еден безуспешен обид да се минира пругата, турските власти започнале да обрнуваат посебно внимание врз нејзиното обезбедување, И покрај тоа, во месец март Кипров успеал со динамит да урне еден железнички мост на пругата Цариград-Виена, недалеку од бугарската граница92.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неуредноста на мислите потсетуваше на ненадејните сеќавања кои ме опседнуваа без да ја покажат својата цел и на безуспешниот обид за нивно линкување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)