бел (прид.) - ангел (имн.)

Во неговиот грд образ преобразен кнез на темнината гнев на светлината бел ангел!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го виде Долгиот како бел ангел клекнат на колена како ѝ подава раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред неа стоеше белиот ангел со сини очи, со широка насмевка и подадени раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чанга, како козји принц повелаше во градот. Козите го придружуваа како бели ангели, леки подвижни, разлетани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Томо стоеше на крајот од претсобјето како бел ангел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)