бел (прид.) - вино (имн.)

Потоа месото го зготвив исто како што ме учеше свекрва ми: со кромид, потоа со повеќе бибер и сол, ловоров лист и конечно чаша бело вино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таму крај езеро, под сенките на широките бели омбрели, пиеја и коњаци и црвени и бели вина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нарачавме бело вино, а групата што свиреше, фино ги исполнуваше сите евергрини.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сепак ќе пиеме добро бело вино, мезетиме грчка салата со потпечени лепчиња и чекаме да ја добиеме работата ципура на жар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Почекај ме овде, - ги исправи веѓите Горда поземајќи го подарокот од неговата рака и веднаш, штом ја затвори вратата зад него, го одвитка и виде долго шише бело вино.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Има само една сина сенка, само толку сина сенка, колку по неа да може да се расплисне богатата месечина, што истечува како полн плисок заискрено бело вино од онаа огромна топка на небото, што стои на самата негова средина, како усвитен, пребликнат саан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)