бел (прид.) - дете (имн.)

- На таквите секогаш им е лесно, - застенка Барбут- бег. –Тие лежат, а ние влечеме товар и се потиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И во лета жешки и во зими бели децата ги учел сто години цели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Уште нешто, - реков. - Познавав еден Карамба-Барамба, Беше нацртан на бел ѕид и немаше сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Најпосле главатарот го нави часовникот за да заѕвони и за да го избрка стравот и викна: - Ќе го пратиме белово дете да го најде лавот и да му ја земе сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)