бел (прид.) - лист (имн.)

Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Празен во себе пред празниот и бел лист, без оној таканаречен внатрешен творечки замав, исплашен докрај од неуспехот да се обликува некаквата повест, тргнав во потрага, во барање на факти.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако не можеш да смислиш ништо, ако во главата немаш ни збор за повеста што сакаш да ја напишеш, тогаш кажи ја вистината - дека седиш пред белиот лист ставен во машината за пишување, со раката воврена под ременот од пантолоните, фатен за пенисот како за единственото нешто за што можеш да се фатиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа бавно шараше низ белиот лист хартија, според ритамот на неговата мисла, забрзана на мигови, поради видливата вознемиреност.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На мојата машина беше поставен белиот лист хартија, готов да го прими мојот голем немир.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги гледав искривените Таткови букви, врз белиот лист хартија, како завршен дел од параболатана неговиот живот, пред неговата последна балканска битка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На белиот лист Ќе напишат тажна песна за мртвиот монах кој лета.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Потоа седнаа и двете на масата и мајка ѝ за час нацрта врз белиот лист, малечко шаренко и многу убаво маченце.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа седнаа и двете на масата и мајка ѝ за час нацрта врз белиот лист, малечко шаренко и многу убаво маченце.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Потоа, за тоа кој колку пристојно и непристојно играл и кој колку имал слух и две леви нозе, до тоа дали требало или не требало да има нарачки на песна напишана на бел лист со стуткана паричка и пригоден текст, како оваа, специјалнава: „Личниот шофер на генералниот директор на Г.П.Гранит им посакува сè најдобро во бракот на тие и тие со песната ’Слушам кај шумат шумите, буките’“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На бел лист хартија да начкраба дека моралот е феномен од психолошка природа, збир на правила и норми кој ги регулира меѓучовечките односи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отворениот бел лист, поточно неговата содржина, ја откри едната тајна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие зборови ми ги остави на белиот лист и си отиде, милион милји далеку.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да биде безначајно како неупотребен бел лист од компјутерски печатач.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Задоволно ги протри рацете и веднаш стави бел лист во машината за пишување.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во третиот ден, кога снегот стигна до долниот раб на пенџерата, таа ја напиша и првата реченица во белиот лист.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не го газеше белото платно, одвреме на време ставаше по некое дрвце во печката, и облечена така како кога одеше на работа, времето го поминуваше крај масата со неколку бели листови пред себе во обиди да напише писмо до Добра или до Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Белите листови на нејзините нозе се два ножа исукани од канија. Блестат, заслепуваат. Толку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Времето се отвори и на овој бел лист Има уште место за троа ноќ есени И троа месечина од која лисјето вени и паѓа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кротките зборови ми се најсладок појадок! Ќе го замолам некого, кој умее да ги средува буквите, да ми го извезе ова на бел лист и натписот ќе го истакнам на ѕидот зад мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Простор нема врз листот. Бел лист.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
1. Белина. Бел лист: Бела душа - Ништо. Безчувствено: Ништо.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Бел лист, бели очи, Предели побелени, Од врагот населени Студени, полудени Без глас, без траг- Бел лист: камен белутрагк.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Мислите дека е лесно да напишете било што и мислите дека ќе ви биде полесно ако ја олесните душичката на овој бел лист хартија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Та нели тој задоволство наоѓа токму во возбудата од она што со леснотија му го шета моливот по белиот лист хартија или прстите по тастатурата да нанесуваат знаци по виртуелниот празен простор на екранот пред него. Сега Едо ги имаше сите Едовци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Страниците му летаа под палецот. Потамина запре во белите листови, го отвори именикот токму на буквата Б, на Бри...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)