бел (прид.) - марама (имн.)

Поп Ристе ја остави дома поповската шапка, тури црвен фес на главата, се наметна со ќулката од сакмата; и тој ја јавна својата маска и го фати Топли Дол, та не оди ни саат, дотрча до турските шатори под Маково во ливадите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коџабашијата Митре, забраден со бела марама, небарем заб го боли, ја јавна маската и ја бодна долу Скаклевите воденици, ја прејде Црна баш каде што прејдоа четниците вчера вечер и за неполни два часа влезе во Старавина — никој да не го забележи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)