бел (прид.) - отров (имн.)

Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеше дека има бел отров во очите како оној што личеше на брест, како поднаредникот без веѓи, како тие двајца во оној ден пред тоа на планинскиот пат; знаеше дека нема право на тој збор но уживаше во дрскоста и мислеше на трите маслинки во паркот;и знаеше дека во ова студирање без сведоци може да остане само еден и да биде од тој час псамен патник на планина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)