бел (прид.) - пена (имн.)

Белата пена се измеша со последната виолетова боја на ѕуницата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓу сината и виолетовата боја се создаде бела пена, а таа таму насмеана, со подадени раце во кои ја препозна слатката болка зад чиј вресок се криеше чувството на триумфот. - Господе, па тоа сум јас!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше бел кафез и потсетуваше на плод од бес, на бела пена.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оздола удираа оние бранови на езерото кои се јавуваа во ноќта, шлапкаа долу под куќата и јас на месечината можев да ја распознаам онаа нивна бела пена што брзо исчезнуваше под следниот бран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш во својот живот ги избегнувал колку што можел тие притаени чекања, а тука, кога не ќе можел да работи тој секогаш ја пуштал барем водата, барем таа да се плиска, да прска, да се разбива во бела пена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред портата на прилепскиот кадилак дотрча брзо коњаник на црн арапски коњ под седло сиот со бела пена од брзото трчање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На моменти, во прездивите на соземање, по краиштата на усните му избива бела пена - човек да помисли почеток на беснило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Море над глава, море познато само од возбудливите свески за гусари а на него бела пена - облачиња, нејаки, нежни, недопирливи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Здив Ух, ухни, воздивни, гукни, така се раѓа Зборот кога влегуваш во телото на новороденчето со првиот плач, единствениот на којшто му се радуваме - па те нарекуваме Живот кога се враќаш онаму кајшто човечка нога не стапнува - па те нарекуваме Душа напатена како вечност кога копнееш, до последен здив по белата пена во којашто се топиш од сласт, и исчезнуваш Ух, ухни вдахновено, така се раѓа Песната!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„А онаа бела пена горе тато?“ – „Облаци, злато.“
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во дрезгите го најдовме и песот што збесна ланската есен и што растрчуваше низ полето со бела пена, ко сапуница на муцката. Коските веќе му беа побелени од снегот и од дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)