бел (прид.) - ѓум (имн.)

Доста го спреми девојчето дури Митра се промени, го наполни белиот ѓум топла вода, и ѝ го даде на Гуца Митрина да го носи до црква, та тргнаа трите „мили“ роднини за закон божи — в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постарата невеста од Батанџијата, Јова, веќе се поткршнала и со бел ѓум во рацете и десетина чаши влезе на вратата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајша бргу отрча до вратата и се врати со еден бел ѓум вода, та почна да го полева кадијата по главата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)