бесен (прид.) - викотница (имн.)

По овој збор Суљо нареди, та речиси половината сејмени се накачија на мостот и првите веќе беа на другиот крај, кога од врбјаците под мостот и над мостот се заорија бесни викотници и залп од стотина пушки, а во тој момент мостот се урна надолу и пропаднаа во длабокиот вир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со пушки, пиштоли, јатагани, секири и друго оружје, па и камења паднаа на селаните со бесни викотници. – Удри, коли, сечи, тепај! – се слушаше од побеснетата толпа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште дента ги насекле диреците на тој пустина, и кога се качија моите луѓе, слушнавме само една бесна викотница и залп од двете страни од врбјаците, а мостот сосе педесет – шеесет се урна во реката.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бесни викотници на командантот на четата: - Митралезот!!! Дејствувај!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)