бесмислен (прид.) - начин (имн.)

Токму поради оваа форма, чија функција е да предизвика раскин со обичното, да го наруши нормалниот поредок на нештата, да го дереализира познатиот свет и да ја протера неговата тмурна стварност за да отвори ново и поинакво царство – царство со сопствени лирски, хармонични, страсни, разиграни, живописни, интензивни, манични, бесмислени начини на бидување и на чувствување – токму поради неговата форма, и она што таа форма го повлекува, класичниот бродвејски мјузикл, впрочем, успеал и можеби сѐ уште успева да ја оствари хомосексуалната желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во ниеден момент не станавме енфатични, разговаравме како од нешто веќе познато и усвоено гледајќи се меѓусебно без повредување, верувам дека Мари-Клод ме пуштала да дојдам и да бидам во нејзината сегашност како што можеби Маргарита би одговорила на мојата насмевка врз стаклото да не се испречеа толку 62 претходни калапи, толку не смееш воопшто да одговараш ако некој ти пријде на улица или ако ти понуди бонбони и те викне на кино, сè додека Мари-Клод, веќе ослободена од мојата насмевка упатена кон Маргарита, Мари-Клод на улицата и во кафулето, сè додека таа не помисли дека тоа била добра насмевка, дека непознатиот одоздола не ѝ се насмевнал на Маргарита за да опипа некаков инаков терен, и дека мојот бесмислен начин да ѝ пријдам бил единствениот разбирлив, единствена причина да рече да, можеме, да можеме да позборуваме во кафулето со пијалок.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)