бесмислен (прид.) - реченица (имн.)

Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само погледнете го ова! (Леинџ ми додава една копија од DSM-III и ми покажува еден подолг разговор на пациент со психијатар.) Говорот на пациентот не е баш секогаш граматички правилен, но и вие новинарите често се користите со магнетофон па колку само неразбирливи или бесмислени реченици морате да отфрлите од лентата!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Замавнувале, боделе, кинеле и помамно ги испитувале тие влакненца, и секое, скоро секое, било еднаш видено на штавена кожа од лисица, јазовец или диво свинче, и некои мислеле дека на таквиот народ каков што е нивниот големината му е во несфаќањето, во немањето сметка како да се одржи, да се намножи, да исколе сè што крева нож на него зашто за двајца свои луѓе убива еден, утре ни за десет не ќе убие двајца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овде тоа е претставено како парадигма за длабочината на шизофреното ментално заболување!  Имам впечаток дека пациентот дава сосем добар одговор на прашањето зошто луѓето веруваат во Бога.  Би ми била чест и самиот да можам да дадам таков одговор!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)