битен (прид.) - елемент (имн.)

Нејзиниот мирис беше таму, но тоа не знечеше ништо, зашто собата секогаш беше исполнета со нејзиниот мирис, не само од парфемот на нејзината пудра за лице и помадата за лице што ги употребуваше, туку и од нејзиниот сопствен специфичен мирис, кој ѝ беше во здивот, на косата и кожата, и кој беше битен елемент за неговата страст кон неа, нешта што сега го револтираа, зашто и мирисот и нејзиното тело ја играа главната улога во неверството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Духовната игра станува обележје на вистинската сувереност, европскиот свет треба да се обедини во игра, бидејќи силата за создавање групи е еден од битните елементи за создавање култура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Наместо тоа, накусо ќе се задржам на едно дело, Anemic-cinema, во кое пронајдов нови битни елементи кои ги потврдуваат и понатаму ги развиваат претпоставките кои веќе ги наведов во својата книга, и за кои, ми се чини, дека ја појаснуваат (а како полезен извор им послужи делото на Атанасиус Кирхер /Kircher/) уметничката постапка на Дишан, кој е слободно инвентивен, но често е и строго насочен кон истовремено забавните и “длабокоумни” принципи на езотеријата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)