битолски (прид.) - чаршија (имн.)

Дршките почна да ги изработува сам дома, а метлите им ги продаваше на трговците во битолските чаршии, постигнувајќи договор да ги снабдува со нова метла по помала цена, но на два месеца.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Петар беше облечен во најубавиот костум и шешир на главата што му ги имаше сошиено сестра му и дојде така дотеран и ненајавен во главниот дуќан на Таки Мумиџијата, во битолската чаршија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)