благ (прид.) - допир (имн.)

И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Високи модри планини се брановите на морската шир; По нив делфини го следат патот на господарот лут До мудроста на Нереј, до вистината една, до благ допир Посејдон сака да стигне пред да се оствари сонот злосут.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во исто време од нивната внатрешна страна ги почувствував бутовите во благ допир со моите расфрлани раменици по кои се шетаа долгите, топли, однегувани прсти на полицајката со такт, ненаметливо, барајќи смирувачки тонови на раштимуваната клавијатура.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)