благотворен (прид.) - отров (имн.)

Од другата страна Ангелот Ја услишува вашата помисла За спасение За благо дарение на мајсторот На чудотворните длабочини Во кои се разнесува мојата молитва: Врати ме Боже Во деветтиот круг на стеблото Врати ме Боже Во благотворниот отров на змијата Врати ме Боже Во очниот пламен на орелот Врати ме Боже Во топлите одаи на каменот Врати ме Боже Во меките дланки на каменорезецот Врати ми го Боже Сонот за Мајка Врати ме Боже Во статуата за да бидам душа За да дишам во оваа самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)