близок (прид.) - брег (имн.)

Езерското огледало поруменето и смирено од последните сончеви зраци, волшебно ја одразуваше, во блискиот брег, нејзината занесна игра.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од предворјето на манастирот, од кое се простираше чудесна глетка кон полнотата на Езерото, се разбира, преку границата, на другиот дел од блискиот брег, си го гледавме, кога беше убаво времето, со голо око, родниот град, а со една стара Таткова дулбија, донесена од Цариград, со која го минавме Езерото, можевме да си ја видиме нашата куќа, крај Езерото, на чие место се крена зградата на Градоначалството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Погледот стигнуваше до блискиот брег, во Албанија, откако ќе ја минеше границата помеѓу двете земји, означена со понекоја невидлива бела пловка на езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)