близок (прид.) - рид (имн.)

Спасените кози со врховниот козар Чанга завршија во скривалиштата во Скопје од Втората светска војна во утробата на блискиот рид крај реката Вардар, над која се извишуваше големата тврдина Кале.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иловицата студентите сами си ја копаа на блискиот рид и сами си ја носеа на колички, како што и сами си ја месеа под надзор на професорот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој не заборава да ги велича и неколкуте тераси – градени на еден близок рид крај кој минуваме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
VI Прв чекор во родната земја. Погледот го плени мамутскиот мозаик портрет на Сталин на блискиот рид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Погледот ми продолжи угоре, на блискиот рид на кој како да беше излегол Сталин од својот мозаик, граден со камчиња од сите краишта на Албанија по повод стогодишнината од неговото раѓање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од блиските ридови - со долги митралески рафали и минофрлачки оган противникот ја бие колоната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)