божји (прид.) - ден (имн.)

На патот секој ден работиме. Од зори излегуваш и цел божји ден не смееш да ја испуштиш казмата, лопатата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цел божји ден да разодувам, ко жолта мрава, ко бесна мува меѓу ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под знакот на отуѓувањето, секој божји ден од човечката стварност може да се фалсификува, а позитивистичкиот опис само го чува од заборав тоа отуѓување кое самиот не може да го даде, единствено успева понатаму да го продлабочи така што уште повеќе ќе го преправи и прикрие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)