божји (прид.) - заповед (имн.)

Улам на твојот двор со распеани рози, Улам на древниот часовник што покажуваа недојдено време, Улам на оној жесток ветер од кој не потреперуваат ниту гранките ниту лисјата туку коренот в земи, улам на твоето тело што како божја заповед го свртува кон себе сонцето и го крие за да му биде визглавје на плодот во тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За Татко, галебите беа тука, како и јагулите во Езерото, да сведочат дека излезот постои, а за Мајка дека тие ја следат во лет божјата заповед, како што тоа го чинеа јагулите на својот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие не само што имаат вештачки вилици и заби Ами и главите им пукаат од вештачки сонови А и зборовите веќе не им се природни и веродостојни И кога ги редат божјите заповеди Намерно ја прескокнуваат онаа – не буричкај во туѓи сонови.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Е, е знаеш како вели третата или шестата божја заповест: не помјани всуе имја Бога твоего.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Живеејќи далеку од секоја писменост и веронаука, религиозни проповеди, а сепак знаеја и сѐ за Бог, Божјите Закони, Десетте Божји заповеди, за принципите на живеење согласно Бог.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако можев да убивам за да не бидам убиен; ако можев преку нишанот да ја решавам мојата судбина а не преку божјите заповести и светиот крст, беше дури и праведно да ја ослободам мојата мантија од душевните прегрешенија!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој што ги пропишува божјите заповеди ќе ги состави и човечките забраните се услов без којшто не се може во Сенатот, Олтарот и Креветот во Науката и Уметноста без оглед на егзактноста
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)