божји (прид.) - книга (имн.)

Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Христос или Кришна е негово дете, како што вели Bahagavad-gita или божјата книга Библија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А сместувањето на ваквите податоци на страниците на божјите книги имало за цел не само да ја потврди, туку и да ја гарантира, вистинитоста на записите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И со слово мачно, со јазик одбран, со срам и пониженост му преподаде логотетот на Филозофот и слово за ќерката малоумна негова, за срамот негов, за гревот што не го сторил тој, ами некој негов предок, а тој го плаќа како долг туѓ од божјата книга на вересиите запишани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)