божји (прид.) - рака (имн.)

Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни. (Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овде ќе чекаме?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како да веруваше дека некоја божја рака преку тоа негово самотно патување низ Европа ќе го донесе до значењето што го барал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зар не се сеќавате, клетници, божјата рака како ве разори, смачка?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Навистина, правоаголникот во Tu m' им е соседен и на раката што покажува, како пародија на божјата рака на Микеланџеловата „Создавање на Адам” и на trompe lќoeil процепот кој верувам, е симбол за бесконечноста и четвртата димензија. (Бидејќи го покажува мрачниот простор зад платното, симболиката е многу силна: ако гледате во сликата како во светот што го создал уметникот, просторот зад него може да се смета за друг свет, друга димензија).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Е, тоа не се знае, тоа е во божја рака.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)