болнички (прид.) - кревет (имн.)

1. Носот ти е студен. Под портокаловите чаршави на болничкиот кревет водевме љубов.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Во неа имало околу 2.000 болнички кревети, располагала со сета најсовремена медицинска техника, а што е најважно, во неа работеле и најголемите и најпрочуени лекари- хирурзи, научници што ја разнесуваат славата на болницата низ целиот свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Две години не го напушти болничкиот кревет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На денот на пресвета Богородица, уште еден силен астматичен напад го однесе Томо во болничкиот кревет на Пулмолошкото одделение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Богдан сега пак лежи болен, но не во болничкиот кревет во Виена, туку овде, дома, и пак ги чувствува оние исти полипи од болницата како му се заплеткуваат околу нозете и го тргаат во длабини каде што не можеше да дише и пак прави напори да им се оттргне и да дојде до здив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неколку дена дежуравме во болницата покрај твојот болнички кревет.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Низ полуотворените врати се гледаа шишињата со инфузија надвиснати над болничките кревети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„На болничкиот кревет, в гипс, не ќе му текне да поткрева момински поли.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си легна на болничкиот кревет.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се симнав долу.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Наместо на носилка и право во болнички кревет, останува настрана покриен со ќебе и чека да го однесат таму од каде никој не се враќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А потоа ги затворив очите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги отворив очите, околу себе гледав болнички кревети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некакво тивко лудило привремено ме спасуваше од болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се вратив во реалноста и почувствував страв - девојките на моето време, кога немажени остануваа бремени, се самоубиваа за да го сочуваат семејството од срам; или отфрлени од семејствата заминуваа од дома и заработуваа како проститутки; или тајно абортираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш, кога стоев крај неговиот болнички кревет, Рајнер Рихтер имаше осумнаесет години, а јас имав две години повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев на болничкиот кревет и си ги гледав раскрварените дланки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сетив на зборовите на пророкот Еремија: “Проклет да е денот во кој се родив!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
” Лежев на болничкиот кревет, со рацете на стомакот, и гледав во белиот таван над себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев на болничкиот кревет, со рацете на стомакот, и гледав во белиот таван над себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)