братски (прид.) - социјалистички (прид.)

Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Партискиот секретар на градот не спиеше по цели ноќи, откако се населија козите во градот, размислуваше, сакаше да открие од која глава е дојдена директивата за уништување на козите – од градот, републиката, федераци­ја­та или од братската социјалистичка заедница.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе изумев да ви речам дека доколку се покаже прескапа работата врз изградбата на паралелните патеки за јагулите, Партијата ќе ја обврзе државата да се донесе закон Дирекцијата да најде средства за обезбедување на подмладокот со дотур на јагулчиња од водите на братските социјалистички земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Долго време не можеше, но и не сакаше да им верува на западните радиостаници, дури и на Би-Би-Си, што кришум ја слушаше особено по нашето заспивање, дека помеѓу Тито и Сталин се случува нешто историски сериозно и дека Југославија ќе биде исклучена од братската социјалистичка заедница!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нашите научници и прославени стручњаци, со помош на експертите од братските социјалистички земји, согледаа дека во овие води се кријат милијарди киловат-часови електрична енергија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)