брз (прид.) - потег (имн.)

Со брз потег, Бојан го извлече ременот од панталоните и го префрли преку вратот на немоќното животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со брз потег го извадил од под пазуви својот нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата книга за културната историја на „жените што го создадоа Холивуд“, тој со неколку брзи потези ја исцртува состојбата во која се нашла Крафорд во доцниот период од кариерата и создава слика богата со импликации за прашањата што се обидуваме да ги одговориме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно не смеел да се повлекува, морал да докаже дека го надвјасал челникот со рогови коса над бледото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја исрка во брзи потези.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)