британски (прид.) - став (имн.)

Кон промената на британскиот став во однос на НОД во Македонија сигурно придонела и средбата на Светозар Вукмановиќ-Темпо со шефот на британската мисија во Грција Еди Маерс.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа тие барале од Маклин да го извести Тито за британскиот став.294 Во однос на ова прашање, а како барање на Министерството за надворешни работи Маклин веднаш остварил средба со Тито при што го предупредил дека “погрешен чекор во оваа фаза може да има озбилни последици за него“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Неговото барање да се запознаат владите на Југославија и Бугарија со британскиот став била прифатена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Затоа, прв реагирал Орме Сарџент кој уште во средината на јануари 1945 година побарал југословенската и бугарската влада да се запознаат со британскиот став во однос на федерацијата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
367 Исто така Маклн требало да го извести Тито и за британскиот став со кој ѝ се оспорувало првото на бугарската влада за трансфер на бугарска територија без одобрување на ОН на “југословенската федерална држава Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во телеграмата испратена до шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин, се барало тој да го запознае претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито со британскиот став во однос на нивните разговори за југословенско-бугарската подготвеност да одобрат конфедерација меѓу сите балкански држави, непријателски и сојузнички и по можност вклучување на Турција, додека не би одобриле и би спречиле “ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во таа насока бил ангажиран и Орме Сарџент, кој врз основа на дотогашните сознанија за Македонија и односите со соседите, како и врз настаните што биле во тек, подготвил "Меморандум" којшто го доставил до министерот за надворешни работи, Антони Идн.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За таа цел биле ангажирани најдобрите познавачи на историјата на Македонија и Југославија, кои требало да го дефинираат британскиот став во однос на настаните на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во изработката на насловената тема, како главни извори ни послужија службените документи што во моментов се достапни во Паблик рикорд офис (Public Record Office), а кои откриваат многу поединости во поглед на британскиот став спрема Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оваа активност била преземена за се оневозможи формирањето на една таква федерација која би можела да го загрози британскиот штитеник Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, Орме Сарџент во јануари 1945 година,побарал Британската влада да ги запознае Југославија и Бугарија со британскиот став во врска со преговорите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во поглед на британскиот став за народноослободителните движења на балканските народи, експертите на Министерството за надворешни работи на Велика Британија во својата рекапитулација на британската политика кон нив ќе нагласат дека во периодот кога се појавиле овие движења, пред сè НОД во Југославија и движењето на отпорот во Грција предводено од ЕАМ, тие како Министерство постојано укажувале и барале да се обрнува посебно внимание на "нашите краткорочни и долгорочни интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На седницата на министрите за надворешни работи одржана на 10 февруари 1945 на дневен ред било поставено прашањето за југословенско- бугарските односи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Маклин му го пренел британскиот став на претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за федрацијата, имено, дека одобруваат конфедерација меѓу сите балканските држави, непријателски и сојузнички, и по можност вклучување во тој сојуз и на Турција, и дека за нив не е прифатливо и би го спречиле секое "ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристигнувањето на Меклин значело коренита промена во британскиот став во однос на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговите информации ги исфрлиле на површината партизаните предводени од комунистите како единствени носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 27 декември 1944 Форин офис им испратил телеграми на амбасадорите на Велика Британија во Москва и во Вашингтон за да ги запознаат владите на двете големи сили со британскиот став во однос на македонското прашање и федерацијата меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во своите анализи тие сосема јасно му ставиле до знаење на политичкиот естаблишмент дека "поддршката на југословенските партизани можеше да ни ја даде најдобрата воена полза".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
274 Се однесува на формирањето на Првата македонска ударна бригада од Македонија под Грција на 18 ноември 1944-та во Битола. 276 На 10 декември 1944-та ГШ на НОВ и ПО на Македонија го известил ВШ на НОВ и ПО на Југославија дека им било соопштено на сојузничките мисии да ја напуштат Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)