броен (прид.) - послуга (имн.)

Сам султанот, со бројната послуга, со харемот и нејпочестените високодостојници, се смести во господарската зграда, додека другата негова придружба, соколарите и гардата, распна шатори на Зедница и во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)