броен (прид.) - состојба (имн.)

Пред црквата четата се построи, старешините на водовите ја проверија бројната состојба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со сојузничка помош и наоружување ние можеме да создадеме војска од 700 -800.000 војници, кои заедно со сојузниците ќе му го зададат последниот удар на германскиот фашистички окупатор".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на бројната состојба на НОВ и ПО на Југославија, Тито ќе истакне дека "денес ние имаме армија од 300.000 борци, опремени со оружје, што го земаше од непријателот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бројот на одредите и нивната бројна состојба може да му ги дадете приближно, но никако сосема точно“. 86
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Префрлувањето започнало во април 1916 Пред нападот бројната состојба на силите на Антантата изнесувала 622.000, а на Централните сили 600.000.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Офанзивата ја започнале силите на Антатата на 14 септември 1918 Најсилен бил нападот на секторот Сокол-Добро Поле-Ветерник.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)