бурен (прид.) - настан (имн.)

Бурните настани на Балканот и во Европа во времето на падот на Османската Империја, со балканските војни, па Големата светска војна, влијаеја многу посилно во патот на судбината на семејството отколку Татковите цариградски планови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие, кои емоциите ги ставија настрана и знаеја да мислат, ова го сфатија како најава на големи и бурни настани, а другите, просто, како најава на војна..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Врховистичката оружена акција во Македонија ги поттикнала големите сили, особено Русија и Австро-Унгарија како “најзаинтересирани“ за настаните во Македонија, да го забрзаат подготвувањето на реформи надевајќи се дека на таков начин ќе ја смират револуционерната атмосфера во Македонија и ќе ги осуетат бурните настани што биле на повидок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)