важен (прид.) - аспект (имн.)

Еден важен аспект на тој нула-димензионален начин на мислење е откажувањето од нормите, прифаќањето на енормитетите - јас повеќе претполагам да кажам енормитет отколку хаос - енормитет кој го напушта секој закон и поредок...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но така се пропушта круцијално важниот аспект од функционирањето на компјутерите: симулацијата на виртуелна машина е токму нејзината имплементација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Освен процесот на континуирано намалување на работничките права, уште еден важен аспект кој беше нотиран и разгледан во студијата, секако е пречестото изменување и дополнување на трудово-правната легислатива, што во голема мера влијае работниците многу потешко да бидат во тек со најновите важечки одредби.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Инспириран од Џојсовиот роман “Финегановото бдеење”, Кејџ го создаде делото “Прекрасната вдовица од осумнаесет лета” (1942) за глас и клавир при што клавирот за време на изведбата е затворен, а на пијанистот му е достапна неговата конфигурација што наметнува неконвенционален, нетрадиционален начин на свирење со прстите и зглобовите на раката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друг важен аспект на архивата е што е потребно приближно еден час за да се помине низ сè.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во продолжение на тематов пренесуваме еден фрагмент од критички текст за Бартелми, кој всушност допира некои важни аспекти за современите литературни прашања воопшто. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во склад со своите нови интересирања, Кејџ себеси постапно се воведуваше во зен-от, посетувајќи ги предавањата на Д. Т. Сузуки на Универзитетот Колумбија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поместувањето на важноста на звучниот резултат кон чинот на изведувањето на делото каде звукот го поприма статусот на последиците од тој чин, укажува на еден важен аспект на Кејџовото музичко мислење кое подоцна, посебно во неговата експериментална фаза која ја отвори “Тивкото дело 4’ 33’’”, ќе стане трајно обележје на неговото творештво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)