важен (прид.) - дел (имн.)

2.  Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3.  Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.III.2011, во Скопје. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд – Скопје II е: VI П.бр. 1882/08; а бројот пред Апелациониот суд – Скопје не успеавме да го дознаеме и покрај неколкуте обиди од наша страна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ние, да, јас бев сигурен дека тоа ние, тоа сознание за взаемноста сплотена во три букви, во миговите додека го чекавме отворањето на судскиот процес, за мене и за Ема не мораше ништо да значи, и не значеше, оти тоа беше изум на иследителите, но исто така бев сигурен дека во тоа наше ние, за кое никогаш не бевме докрај свесни, а го живеевме, сега, додека секој миг на исчекувањето во судницата безмилосно не раскинуваше, ние бевме изделени од самите себе и не се препознававме во некој важен дел од нас, оти бевме најдалеку од можноста за рационално растајнување за себе и пред самите себе за учеството во него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рафрлени од ветар и од претчувствства дека ќе му се случи нешто големо и незаборавно, нешто што ќе е важен дел од историјата на животот и на светот, на небото плачеа жерави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Многу важен дел од целата оваа филозофија е, всушност начинот на гестикулација со чија помош ја контролираме привлечната и одбивната енергија во нас.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иако секое од нив е важен дел, исполнет со импресии. Жртвата е уште поважна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Работам разни работи на подрачјето на пиратското радио, кое го сметам за важен дел од алтернативните автономни медиски структури што ги изградивме во Амстердам последниве петнаесетина години.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Македонската територија и македонскиот народ се, како што истакнува Сретен Жујовиќ-Црни (министер во владата на Тито), важен дел од народноослободителното движење на Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На крајот од истражувањето и анализите, американските аналитичари ќе истакнат дека "една работа е јасна: идејата на федерализам има многу поголема поддршка отколку идејата за централизам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, може речовито да зборува и за чувството на различност, за желбата за бегство и за волјата да се замислат алтернативи што биле онолку значаен дел од детското искуство на онолку многу протогеј-момчиња од претстоунволската ера во 1950-тите и 1960-тите години и кои до ден-денешен сѐ уште се важен дел од настраното детско искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ketubah брачен договор со точно пропишана форма, со чие што вклучување почнува еврејската свадба
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Hoshana Raba последниот ден од празникот Сукот Ivrit хебрејски јазик Jerushalaim Ерусалим Yennem или Jenem пекол, доаѓа од Јаханнам (Арапски: منهج‎)(Турски: cehennem, džehennem) е исламскиот еквивалент на еврејскиот збор со исто значење Геи Хинном од кој инаку и потекнува
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Kaddish тука, молитва во ритуалот на оплакување при погреби и помени; инаку, важен дел од централната молитва во синагогалната служба чија централна тема е величанието и светоста на Божјото име Kilao noe песна што задолжително се пее на пасхалната вечера (седер), со значење: „Нему му припаѓа сета чест и слава”
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Расфрлени од ветар и од претчувства дека ќе се случи нешто големо и незаборавно, нешто што ќе е важен дел во историјата на животот и на светот, на небото плачеа жерави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако во своето дело ги задржува аспектите на структурата, тие се со симетричен карактер, со канонски или еднакво важни делови, било да се присутни во истиот момент или да следуваат еден по друг во времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Популарната култура ја доживувам како важен дел од мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За мене популарната култура е непроценлив извор на разновидни и противречни надразби и пориви.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е култура што ме вознемирува и ме смирува, што ме одушевува и ме лути, што (често попусто) се обидувам да ја разберам; понекогаш ревносно ја бранам, другпат резигнирано ја отфрлам и ги одобрувам аргументите на нејзините најнемилосрдни критичари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)