важен (прид.) - нешто (имн.)

Има всушност три важни нешта – ме дочека таа во полна форма.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, четвртата е што не стигнав да појадувам, па ми се врти во главата – додадов.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав да ви зборувам за важни нешта, да ви посочам по нешто и од светлите и од темните страни на животот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Јас секогаш многу ја сакам Билјана, но кога така размислува за важни нешта, ми се чини ја сакам уште повеќе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Судот во истрагата бил особено заинтересиран да открие две, за него многу важни нешта: врска на атентаторите со Бугарија и врска со Револционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Постојаното завивање на ветерот почна да го вознемирува, одеднаш многу важни нешта изгубија од своето значење, момчето дури не сакаше ни да размислува за нив, се чувствуваше мрзелив и сонлив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сфатив дека е спремен да окара и тоа само затоа зашто за момент бев изумил дека се има зафатено со доволно важни нешта за да можам јас да го разонодувам со непотребни прошетки!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)