важен (прид.) - прашање (имн.)

Како да се сети крив дека не може да даде друг одговор на ова важно прашање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Постмодернистичката градба, со цел кратко да се одреди нејзината дефиниција, е соодветна едновремено за барем два различни слоја на население: за ангажираното малцинство што се грижи за специфичните архитектонски проблеми, како и за широката јавност или жителите што живеат на едно место и за кои се важни прашањата на комфор, традиционалниот начин на градба и сопствениот начин на живеење.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нејзината женско-центрична анализа на овие два проблема покренува важни прашања а исто така сугерира и алтернативни решенија и начини на мислење за овие морални/политички проблеми.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дали повикување на човековите права и слободното општество значат вистинска грижа за овие важни прашања или само алиби за добро обмислена манипулација?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Појавата на новите дроги кои немаат решен легален статус создаде вистински хаос во општествениот третман на проблемот со дрогите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На собирот на групата планот бил одобрен, но биле поставени две важни прашања: дали да се убие солунскиот валија Хасан Фехми-паша и, второ, дали да се убие претседателот на ЦК на МРО Иван Гарванов?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Во вашата последна порака допревте две важни прашања кои постојано го обземаат моето внимание: прашањето на идентитетот и потребата да се промисли тоталитетот на балканското прашање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најчесто во потрагата по идентитетот пополезно е да се трага по аналогии, дополнувања, отколку идентитетот да се наложува како последна и единствена орција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Иако овој закон во прв ред ги засега работниците кои го завршиле својот работен век и станале пензионери, и, се разбира, сите работници како идни пензионери, со него се регулираат и важни прашања кои ги засегаат работниците токму како работници и тоа е причината зошто ја вклучивме анализата на овој закон во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Каков што е, впрочем, случајот со сите за човекот навистина важни прашања.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но ова израмнување не треба да се помеша со условното поистоветување на тие две, уште помалку да им се даде иста тежина; предноста одлучно ја има животот: “строгите уметнички прашања во крајна линија не се важни прашања”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)