важен (прид.) - факт (имн.)

Претседателот на советот, односно судијата поединец, со поставување на прашања и на друг целесообразен начин се грижи во текот на расправата да се изнесат сите решителни факти, да се дополнат нецелосните наводи на странките за важни факти, да се означат или дополнат доказните средства што се однесуваат на наводите на странките и воопшто да се дадат сите разјаснувања потребни за да се утврди фактичката состојба важна за одлуката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, само кога нема други докази или, пак, кога и покрај изведените докази е потребно да се утврдуваат важни факти – на предлог на странка, судот може да определи доказ со сослушување на странките (чл. 249, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претседателот на советот, односно судијата поединец, внимава во текот на главната 184 расправа да се изведат сите прифатени докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие паметеа милиони бескорисни работи, некоја кавга со колега, потрага по загубена пумпа за велосипеди, изразот на лицето на некоја одамна умрена сестра, виорот од прав во некое ветровито утро од пред седумдесет години: но сите важни факти беа надвор од нивното сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(Да не испуштиме од предвид еден важен факт, кога зборуваме за дела со вакви содржини, имено, дека во поголем број европски литератури, особено во таканаречените источноевропски земји, по Втората светска војна, литературата за егзилот познава високи дострели – Г.Тод.)
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да не го мачеа болките во стапалата, можеби тој би можел да го увиди тој толку многу важен факт.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Работодавачот и работникот можат да се договорат за паричен надоместок наместо отказен рок (чл. 90, ст.1 од ЗРО). 8.  Распитот на парничарите е вид доказно средство кое спаѓа во групата на вербални и персонални докази и кое, во нашето граѓанско процесно право, се користи по исклучок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)