ваков (прид.) - карактер (имн.)

Претпоставувам дека истото тоа ќе го кажат и луѓето од Пикасо музејот во Париз или на Ван Гог во Амстердам, но тоа се подразбира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Добро знаев, од теоријата, но и од практиката дека пораките од ваков карактер првин се најавуваат кај генсекот, односно генералниот секретар во министерството за надворешни работи ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последнава мисла би можела да биде и мантра за новиот музеј на Енди Ворхол. (...)Соединетите Американски Држави не можат да се пофалат со многу музеи од ваков карактер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аналогијата резонира со иронија: убиството на претседателот како еден вид американска трагедија што го прослави Ворхол; Џеки Кенеди во жалост како една од Ворхоловите трајни теми; (речиси фаталниот) атентат извршен врз самиот уметник неколку години подоцна, само еден ден пред да го убијат Роберт Кенеди; веројатноста дека после Кенеди, Ворхол е првата личност во историјата на Америка со која се поистовету­ваа толку голем број на луѓе по шеесетите години; сфаќањето дека Ворхоловата уметност, исто како и убиството на Кенеди, не е толку едноставна како што изгледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пишувањето и доставувањето на реферати од ваков карактер особено многу се ценеше, не заборавете, пријателе, - се работеше за живот, за иднината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Меѓутоа, како што и порано истакнавме, на официјалните податоци, кога се работело за прашање од ваков карактер, никој не им верувал151.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)