ваков (прид.) - постапка (имн.)

На Трајка оваа и други вакви постапки од Достина страна почнаа да му се бендисуваат и немаше случај да не ја искаже својата наклонетост кон помладата снаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што се однесува до мене, јас ваквата постапка на Берен ја оправдувам од две причини: Првата: Завидливоста во творештвото е потребна појава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој и инаку ќе требаше многу да се ломи за да му се открие на овој човек со долго косиште - надворешност што не влева многу верба, - зашто тој, кога се подготвува на вакви постапки, има да мисли не само за себе, ами и за она девојче што го сака, и кое е должен да го чува од лош потсмев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во набрзина направената кујна таа готвеше само за нејзе и Томо. Ваквата постапка ја разбеснуваше Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ваквата постапка, и во она што потоа го слушна од Ема, госпоѓа Мариела прочита дека полицајката веќе е совладана и дека секое инсистирање натаму на предметот што таа сакаше да го исфрли на површина со ненаметлива провокација, да го каже тоа со сета негова суштина без да каже било што конкретно, немаше никакво значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се разбира дека ваквата постапка не може исцело да ги задоволи ниту потребите на „Стремеж“, ниту пак да ги објави бројните искушенија пред кои се наоѓа творецот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По ова Ристески се консултира со правници од синдикатот, за евентуално покренување судска постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А подоцна, по иницирањето на ваквата постапка, тој и работниците кои останаа без работа беа застапувани од полномошници надвор од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Или сметаше дека на тој начин ми помага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем сите вакви постапки не го поткрепуваа оној мој впечаток дека таа го претпочиташе притаениот пат на сенките додека ги водеше своите стравувања низ честакот од дилеми?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Декарт во делото издадено 1637 - „Расправа за методот“, објаснува како неговата убеденост во реалното постоење на рес когитанс (супстанција која мисли) произлегува од неговата потрага за солидна основа на познанието, во која што потрага тој ги става под „лупа“ со методот на сомневање сите негови дотогашни сфаќања и знаења. Маргина 37 41
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквата постапка ќе го доведе до заклучокот дека единствено нешто во што не моæе да се сомнева е дека тој самиот е тој што се сомнева, па така мислењето (бидејќи сомневањето е мислење) станува основа на неговата теорија на познанието, изразена во прочуениот став - Цогито ерго сум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имено, кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на ваква постапка, трудовиот инспектор составува записник и издава платен налог за плаќање на изречената глоба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трудовиот инспектор, во овој случај, составува записник, којшто заедно со барањето за поведување ваква постапка ги доставува до Комисијата за посредување, и тоа во рок од три дена.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таквото однесување како да ја правеше среќна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, произлегува дека уживаше да крева околу себе магли на сомненија, да поставува загатки, да наговестува тајни а при сите вакви постапки себеси воопшто не се штедеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во секој случај, никогаш ваквите постапки на Русите, како бакнувањето на раката, не сум ги сметала за израз на слабост, а уште помалку за знак на покорност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)