ваков (прид.) - систем (имн.)

Со опстојувањето на знаците без фонетско значење во редоследот на алфабетот, системот на бројни вредности ја игра улогата на фактор за зачувување, кој се спротиставува на секаква промена на наследениот редослед на графемите во системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Динамиката на ваквиот систем во голема мера зависи од интензивноста на заемодејството меѓу видовите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Притоа, мошне мала е веројатноста ваквиот систем за означување на бројните вредности да настане во архаичното грчко писмо со неговите 23 симболи, коешто поради малубројноста на своите симболи не е доволно за одразување на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јасно е дека за ваков систем на бележење бројни вредности се потребни минимум 27 симболи, а во класичниот грчки систем на писмо, имено, писмото од Атина од петтиот век п.н.е. оформено врз база на јонскиот алфабет, се присутни токму 27 графеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, првите девет симболи ги изразуваат единиците, наредните девет се десетките и натамошните девет симболи се стотките.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)