ваков (прид.) - состојба (имн.)

Очигледно, ваквите состојби ú одговараа на личноста на де Квинси, наклонета кон контемплација и кон изолиран облик на мислење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Вие ме доведовте во ваква состојба.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Докторите констатираа дека ваквата состојба е последица од преголемата употреба на хормонска терапија, која Рада со години ја користеше заради забременувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Имаше таа искуство во вакви состојби, беше сосема сигурна дека ова е уште една несакана бременост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нормално, тоа што беше внатре не можеше да се нарече мозок, бидејќи да имаше мозок, јагнето сигурно немаше да се наоѓа во ваква состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Веднаш потоа, пред очи ѝ се мерна лицето на лекарот. Ѝ прозвучеа неговите зборови дека треба да се бори со ваквите состојби, да ги совладува, ако не сака пак да се врати во болницата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Вчера, се беше затскриено зад други бои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога би постоеле можности за искористување на ваквите состојби кај човекот, љубовните вредности на Јана веројатно ќе можеа да покренат и турбини и машини. - и Зрновски се засмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги отворив очите. Беше наведната над мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можете да го избришете значењето на актот на ставање пенис во вагина, во уста, чмар, или под пазувите, но ако на интимното соединување на две тела му дадете значење поголемо од јукстапозицијата на два епидерми и мукози, ќе се најдете во царството на страста, и тоа нема туку-така да можете да го занемарите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ваквата состојба се индуцира во раното детство. Зарем лажењето во љубовта првенствено не е одбрана од сексуалната љубомора, и зарем трендот кон групен секс не е обид да се избега од тој конфликт? Тоа само до тривијалност го редуцира сексуалниот чин, и така го губи значењето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
 1 Ваквата состојба на духот овозможи странските инвеститори да стекнат речиси мисионерски имиџ – од нив се очекува да нѐ избават од кризата, овозможувајќи прилив на капитал врз основа на кој економијата потоа ќе фати залет.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што можеме да сториме за да ја ублажиме ваквата состојба?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Забележувам некое неспокојство, страв , горчина , но ваквите состојби не ги поврзувам со мојата вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мил му кажа какви експерименти врши со Богуле во ваквата остојба и до какви сознанија дошол, но докторот му рече: - На луѓето во ваквата состојба мозокот им е многу активен, луцидни се, но и многу сугестивни.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)