ваков (прид.) - услуга (имн.)

Добро, можел да промолви и некоја неизречена докрај благодарност; дека например, тој не ги заборава и ваквите услуги на своите пријатели, па и тогаш кога тие и не се ништо друго туку едно големо задоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, и самата знаеш за какви божем големи задоволства станува збор?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
– Да си жив, бре синко Јунусе – се провикна кадијата, задоволен од предлогот на новиот бег. – Навистина ти ќе одиш кај големиот пророк во рајот, што им правиш вакви услуги на неговите верни – а потоа се обрна кон другите агалари: – Што велите вие, ефендилер?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)